Кон содржината

Отворен Повик за 2 фасилитатори

Published on 23 Jun 2026

 Отворен Повик за 2 фасилитатори

Младински Сојуз - Крушево објавува повик за ангажирање на двајца фасилитатори за реализација на тридневен AI Идеатон, кој ќе се одржи од 6 до 8 јули 2026 година во Хотел Свети Никола, Крушево, во рамки на проектот „Мојот глас во мојот град“.

 

Проектот е реализиран од Младински Сојуз – Крушево во партнерство со Институтот за развој на заедницата (ИРЗ-Тетово) и Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД-Куманово), со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

 

AI Идеатонот ќе вклучи 45 млади учесници, односно по 15 млади од Крушево, Куманово и Тетово, кои во текот на три дена ќе работат во тимови, ќе ги идентификуваат клучните младински предизвици во своите општини, ќе креираат идеи и решенија, ќе ја тестираат AI алатката развиена во рамки на проектот и ќе изработат локални младински мапи со потреби, приоритети и предлози.

 

Цел на ангажманот

Фасилитаторите ќе бидат одговорни за подготовка и спроведување на интерактивна, младински прилагодена и креативна програма за идеатонот, преку која младите ќе бидат водени низ процес на идентификување проблеми, развој на идеи, користење и тестирање на AI алатка, тимска работа и подготовка на финални презентации пред претставници од општините.

 

Што бараме?

Кандидатите треба да имаат:

-          Најмалку 5 години релевантно искуство во работа со млади, фасилитација, обуки, работилници или младински иницијативи;

-          Докажано искуство во користење интерактивни и неформални методи на учење;

-          Познавање на младинско учество, локални политики, граѓански ангажман и/или работа со заедници;

-          Искуство во водење процеси за креирање идеи, тимска работа, ideation/design thinking, хакатони, идеатони или слични креативни процеси;

-          Основно познавање или интерес за примена на AI и дигитални алатки во граѓанско учество, младинско вклучување или развој на решенија;

-          Способност за работа со млади од различни локални заедници и поддршка на инклузивна групна динамика;

-          Комуникативност, флексибилност, креативност и способност за работа во тим.

 

Предност ќе имаат кандидати кои имаат претходно искуство со младинско учество на локално ниво, развој на младински решенија, дигитални алатки или фасилитација на повеќедневни настани.

 

Клучни задачи

Избраните фасилитатори ќе бидат одговорни за:

-          Подготовка на детална агенда, методологија и работни материјали за тридневниот AI Идеатон;

-          Фасилитација на сесиите во текот на настанот од 6 до 8 јули 2026 година;

-          Водење на младите низ процес на препознавање локални младински предизвици и потреби;

-          Поддршка на учесниците во развој на идеи, предлози и решенија за младите во Крушево, Куманово и Тетово;

-          Практична поддршка при тестирањето на AI алатката и собирање повратни информации од младите;

-          Поддршка на тимовите при изработка на локални младински мапи со потреби, приоритети и предлози;

-          Подготовка на учесниците за финално презентирање на идеите пред претставници од општините;

-          Координација со проектниот тим пред и за време на настанот;

-          Учество на подготвителен онлајн состанок пред идеатонот;

-          Подготовка на компрехензивен финален извештај по завршување на ангажманот.

 

Надомест

Секој избран фасилитатор ќе добие надомест во висина од 20,000.00 МКД бруто износ за вкупниот ангажман, кој вклучува подготовка, фасилитација на тридневниот настан и подготовка на краток финален извештај.

Патните трошоци, храна и сместување за време на настанот се целосно покриени од организаторот.

 

Пријавување

Заинтересираните кандидати треба да испратат:

-          Кратка биографија / CV;

-          Кратко образложение за релевантното искуство за овој ангажман.

-          Предлог методологија за работа и реализација на активноста

 

Документите треба да се испратат на: nina@youthalliance.org.mk, со назнака: Пријава за фасилитатор - AI Идеатон во Крушево.

 

Кандидатите ќе бидат селектирани врз основа на нивното релевантно професионално искуство, експертиза, методолошки пристап и искуство во работа со млади.

 

Рок за пријавување: 26 јуни 2026.


 

Содржината на овој повик е единсвтена одговорност на Младински Сојуз – Крушево и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

 

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас