Отворен Повик за учесници - AI ИДЕАТОН
Published on 23 Jun 2026
Младински Сојуз - Крушево објавува
повик за учество на тридневен AI Идеатон, кој ќе се одржи од 6 до 8
јули 2026 година во Хотел Свети Никола - Крушево, во рамки на проектот „Мојот глас во
мојот град“.
Повикот е отворен за 45 млади од Крушево, Куманово и Тетово
кои имаат идеи, ставови и мотивација да придонесат кон подобрување на своите
локални заедници. Целта на идеатонот е да им овозможи на младите да ги
идентификуваат локалните предизвици, да креираат предлози и решенија и да ги
претстават своите идеи пред локалните институции.
Во текот на тридневната програма,
младите ќе работат во тимови,
ќе дискутираат за потребите и приоритетите на младите во своите општини, ќе
тестираат AI алатка развиена во рамки на проектот и ќе подготват локални
младински мапи со потреби, приоритети и предлози.
За учество не е потребно претходно
техничко знаење. Потребни се мотивација, подготвеност за тимска работа и
интерес за младинско учество, локални политики, дигитални алатки и креирање
решенија за заедницата.
Детали за настанот
Датум: 6 - 8 јули 2026 година
Локација: Хотел Свети Никола,
Крушево
Учесници: 45 млади од Крушево,
Куманово и Тетово
Во рамки на AI
Идеатонот, учесниците ќе имаат можност да:
- работат во
тимови со млади од различни општини;
- идентификуваат локални младински
предизвици и потреби;
- развиваат идеи и решенија за
подобрување на локалните заедници;
- тестираат AI алатка развиена во
рамки на проектот;
- подготват локални младински мапи со
потреби, приоритети и предлози;
- ги презентираат своите идеи пред претставници од општините.
Патните трошоци, храната,
сместувањето и работните материјали се покриени од организаторите. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество.
Пријавување и повеќе информации:
https://forms.gle/yMTmv2kNnBbm1R3K6
(најдоцна до 1 јули 2026)
Содржината на овој повик е
единсвтена одговорност на Младински Сојуз – Крушево и на ниту еден начин не
може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика
мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас