Нов прирачник за вештини за виртуелна фасилитација
Published on 01 Jul 2026
Со задоволство го споделуваме Прирачникот за вештини за виртуелна фасилитација (VFC), развиен во рамки на проектот Virtual Exchanges for Balkan Youth (VEBY), со цел да им обезбеди практична поддршка на младинските работници, фасилитаторите и едукаторите кои работат со млади во онлајн средина.
Прирачникот ги обединува искуствата и научените лекции од имплементацијата на виртуелните младински размени во регионот и нуди конкретни методологии, алатки и активности за креирање динамични, интерактивни и инклузивни процеси на учење. Посебен акцент е ставен на развојот на вештини за виртуелна фасилитација, социјална инклузија, градење мир, медиумска писменост и развој на меки вештини преку методите на неформалното образование.
Во прирачникот се вклучени 19 детално разработени активности, препораки за користење дигитални алатки, како и практични совети кои можат веднаш да се применат при организирање и фасилитирање виртуелни младински размени.
Ги покануваме сите младински работници, организации, обучувачи и останати практичари да го преземат прирачникот и да ги искористат неговите ресурси за создавање поквалитетни и подостапни можности за учење и меѓународна соработка во виртуелна средина.